Како опозит на алфа и бета мажите, омега мажите се тип на мажи кои одбиваат да пораснат и генерално избегнуваат да прифатат одговорност и обврски, а се појавуваат во варијации од ванабе интелектуалци или нереализирани уметници до опсесивни зависници од видео игри.
Како опозит на алфа и бета мажите, омега мажите се тип на мажи кои одбиваат да пораснат и генерално избегнуваат да прифатат одговорност и обврски, а се појавуваат во варијации од ванабе интелектуалци или нереализирани уметници до опсесивни зависници од видео игри.
Според аналитичарите, типовите мажи кои генерално го избегуваат учеството во реалниот живот се преставници на новата класа мажи кои очигледно ги отфрлаат традиционалните модели на машкоста и се се почеста појава во општеството денес. Статистиките велат дека 70% од машката популација ја сочинуваат бета мажите, просечни типови кои се ожениле, нашле постојана работа и основале семејство. Ако се случи нивните жени да ги изневерат, најчесто тоа се случува со алфа мажи на кои отпаѓаат 15% – тоа се доминантни типови на кои не им е проблем да ги одведат жените во својот харем. Податоците велат дека останатите 15% ги сочинуваат т.н. омега мажи кои како чиста спротивност на бета мажите одбиваат да пораснат, да најдат „вистинска“ работа и да одржат стабилна врска. Или посликовито кажано – ако имаме група од 117 сингл мажи на кои доаѓаат 100 сингл жени, омега мажите како најмалку пожелни нема да успеат да најдат партнерка.
Следат трите најпрепознатливи типови омега мажи:
1. Game boy
Пример: Џон Кјузак во филмот High Fidelity, каде глуми страствен колекционер на грамофонски плочи.
Растејќи, поголемиот дел од децата се забавуваат со помислата дека би можеле да станат рок ѕвезди, познати режисери или писатели. Со влегувањето во позрели години, поголем дел од нив сфаќа дека повеќе им одговара некоја потрадиционална кариера, а оние кои успеваат да ги остварат своите детски соништа се меѓу ретките. Омега мажите го поминуваат животот лебдејќи некаде помеѓу – планираат да режираат одличен филм, да напишат супер сценарио или да снимат феноменален албум. Купиле гитара која лежи некаде на страна која би требало да ги импресионира девојките. Она што им недостасува е чувство на самокритичност и сознание дека немаат баш глас како Аксел Роуз. И додека другите продолжуваат со своите животи, омега мажите остануваат заробени во својот адолесцентски свет од соништата и нереализираните можности.
Пример: Бен Стилер во филмот Greenberg.
Во продолжение на претходните, ова е четврта типична карактеристика на омега мажите – нивната тенденција да негираат некои од општествените императиви, односно потребата да побараат постојана работа и да ги плаќаат сметките. Го одбиваат да го работат она што се очекува од нив, само затоа што длабоко во себе се плашат дека нема да ги исполнат очекувањата. Нивните аргументи се дека се премногу чувствителни, премногу невини или премногу креативни за да се потчинат на правилата во реалниот свет. Не велиме дека сите треба да имаат исти цели како и сите други, но можеби би било подобро да се има барем некакви цели. Доколку сте заглавиле во фазата на „преиспитување на можностите“ можеби е време да се смени стратегијата.
Пример: Момците од комедијата Knocked up планираат да направат голем бизнис со својот сајт на кој се наоѓа цел список филмови во кои се појавиле разголени женски гради и задници, додека во меѓувреме тепаат време и не прават ништо конкретно освен што се пијанчат и пушат трева. Како што и претпоставувате – ништо од сајтот, бидејќи некој одамна веќе ја реализирал таа идеја пред нив.