3 миризливи решенија против досадните муви

Со досадните муви во летниот период се бориме сите, а за да се ослободиме од нив не мора да купуваме штетни средства и спрејови туку тоа може да го направиме со помош на природата.

v

Рузмарин и ловоров лист

Измешајте неколку гранчиња рузмарин и неколку суви листови ловор. Иситнете ги и ставете ги во украсен сад. Садот ставете го во кујна покрај кантата за отпад, во дневната соба или каде и да се собираат најмногу муви. Овие билки имаат интензивен мирис кој вие нема да го почувствувате, а кој го освежува просторот и ги брка мувите.

rosemary

Нане

Измешајте една шолја вода и 25 капки етерично масло од ментол. Мешавината ставете ја во шише со распрскувач и напрскајте во просторијата. Нането има нежен и многу пријатен мирис кој делува позитивно на дишните патишта, а кој досадните муви воопшто не го сакаат.

7255973_orig

Лаванда

Околу куќата, на прозорите или на балкотнот во ваза насадете неколку билки лаванда. Лесно се одржува, има пријатен мирис, а што е најважно успешно ги брка мувите, комарците и останатите досадни инсекти. Лавандата може да ја употребите на ист начин како и нането, а се што ви е потребно е малку вода и неколку капки етерично масло од оваа билка.

essential-oils

- Реклама -