Ако нешто може да ви го расипе расположението во уживањето во летна вечер на отворено, тоа се досадните комарци. Но, за да се заштитите не мора да купувате скапи препарати туку може да го направите тоа на природен начин.
Ви откриваме 3 рецепти кои ја негуваат кожата, ја прават миризлива и ги бркаат комарците
1. Банана
Освен што е здрава и ве прави сити, бананата е одлична за вашата кожа, а комарците ја мразат. Изедете ја бананата, а со внатрешната страна од кората намачкајте се по телото.
2. Лаванда
Мирисот на лаванда е прекрасен, а комарците едноставно не може да го поднесат. Во маслиново, бадемово или бебешко масло додајте неколку капки етерично масло од лаванда и намачкајте го телото. Маслото ќе ја направи вашата кожа мека и заштитена од летните штетници.
3. Лимон
Лимоните се како создадени за лето. Преполни се со витамини и се совршен додаток за освежителни пијалоци, но и исклучителни борци против комарците. Исечете кришка лимон, исцедете ја, а со внатрешната страна на кората намачкајте ги деловите на кои инаку нанесувате парфем. Намачкајте го и местото на убод и непријатното чешање ке го снема.
А, што е со мувите. И за тоа има решенија. Прочитајте кои се тие на следниот линк: 3 миризливи решенија против досадните муви