По денешниот нов негативен рекорд на новозаразени, кој наближува до границата од 400 (386 дијагностицирани во 24 часа), во земјава има вкупно 3.373 активни случаи на Ковид-19.
Од нив, 1.432 се во главниот град. По општини, дистрибуцијата изгледа вака (по завршување на епидемиолошките анкети може да има измена):
• Чаир – 73
• Гази Баба – 147
• Аеродром – 257
• Карпош – 242
• Центар – 265
• Кисела Вода – 157
• Ѓорче Петров – 118
• Бутел – 56
• Шуто Оризари – 13
• Студеничани – 2
• Сарај – 16
• Арачиново – 4
• Илинден – 31
• Сопиште – 4
• Чучер Сандево – 2
• Петровец – 9
• Зелениково – 4
• Странец – 10
• Нераспределен-22
По завршените епидемиолошки анализи, дистрибуцијата на активни случаи по градови е следна:
• Скопје 8088, активни 1432
• Куманово 1854, активни 162
• Дебар 292, активни 34
• Штип 1327, активни 92
• Прилеп 773, активни 144
• Тетово 1549, активни 188
• Струга 708, активни 51
• Велес 357, активни 36
• Битола 367, активни 90
• Охрид 454, активни 42
• Кавадарци 263, активни 47
• Гостивар 967, активни 72
• Гевгелија 178, активни 78 (11 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 27 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 394, активни 232
• Крива Паланка 142, активни 45
• Радовиш 122, активни 47
• Крушево 20, активни 1
• Кочани 475, активни 207
• Пробиштип 123, активни 18
• Демир Хисар 62, активни 2
• Македонски Брод 95, активни 2
• Пехчево 46, активни 3
• Берово 139, активни 53
• Валандово 60, активни 45
• Виница 130, активни 40
• Делчево 180, активни 89 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 26, активни 2
• Свети Николе 394, активни 65
• Кичево 347, активни 30
• Ресен 167, активни 8
• Неготино 64, активни 16 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Според соопштението на Министерството за здравство, денеска во болниците и инфективните одделенија низ државата имало 425 пациенти позитивни или сомнителни на коронавирус. Ваквата бројка е многу блиску до рекордната бројка од 428, која на трипати беше забележана во јули (на 20, 27 и 29 јули). По првпат од тогаш наваму, границата од 400 пациенти во болниците беше надмината вчера, со 414 хоспитализирани болни или суспектни на вирусот.
Во изминатите 24 часа, на Инфективната клиника се примени 8 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 49 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, а хоспитализирани се 5 деца и 5 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 42 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 21, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 212, позитивни и сомнителни на Ковид-19.