Инвестициски циклус од околу 5 милијарди евра во следните години, во проекти кои ќе се однесуваат на реалните потреби на граѓаните, најави премиерот Зоран Заев преку видео на својот Фејсбук профил.
Како што вели Заев, „економијата ќе продолжи со забрзан и одржлив развој“, а проектирани се: 1 милијарда во патишта, над 1 милијарда во железница, 1 милијарда во енергетика, нов Клинички центар, инвестиции во земјоделството и руралниот развој, пречистителни станици за отпадна вода, регионални фабрики за прибирање и обработка на отпад, канализациски и водоводни услуги и системи, училишта и градинки и други проекти.
„Создадовме реална економија, економија базирана на реалниот бизнис. Направивме сè за да ја тргнеме политиката од бизнисот и еве ги резултатите. Видливи се и доаѓаат уште поголеми”, вели Заев во видео обраќањето.