Фотографии на деца со скапи DSLR камери станаа вирален хит во Кина

Очигледно децата од богати кинески семејства имаат нова омилена играчка. Тие се шетаат наоколу со скапи DSLR камери.

Лиу Ли Јанг неодамна објавил серија фотографии, во кои група деца туристи се шетаат со скапи Canon и Nikon камери и објективи, на кинеската социјална мрежа Renren. Фотографиите од млади деца кои се шетаат наоколу со камери кои вредат илјадници долари предизвика сериозна дискусија на сајтот. Луѓето ги посочуваат сликите како пример за растечките економски разлики во Кина и се поголемото растојание помеѓу богатите и сиромашните.

- Реклама -