Hop! – иднината на багажот (видео)

Ако ви е здодеано да влечите тежок куфер со вас секој пат кога патувате, тогаш Hop! ќе го прави целото движење место вас.

Hop е куфер кој го следи корисникот. Името му е дадено во чест на хотелски портир (bellhop), луѓе чија работа е да го носат багажот на гостите.

Производителот вели дека Hop! ја претставува следната генерација на багаж. Куферот содржи три приемници кои можат да примаат, идентификуваат и следат различни сигнали кои доаѓаат од мобилниот телефон на корисникот. Микроконтролер ги анализира овие сигнали и ја пресметува локацијата на телефонот во однос на куферот.

{vimeo}45966677{/vimeo}

- Реклама -