Покрај Боки 13 и Зоки Кичеец, ОЈО и МВР вчера имале налог да ја приведат и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во зградата на СЈО, објави „МКД.мк“ повикувајќи се на неофицијални извори.
Според изворите, додека се вршел претресот во домовите на обвинетите, Јанева успеала да се јави на поранешен дипломатски претставник во Македонија, но и со висок претставник на македонските власти, при што се заканила дека дел од снимките се депонирани во странство. Повеќе детали на ЛИНКОВ.
Јанева, инаку, беше индиректно посочена од новинарот Бранко Героски како мозокот зад операцијата „Рекет“, но засега во истрагата единствено ѝ е одземен еден мобилен телефон.
ОБНОВЕНО: Обвинителството, во меѓувреме, децидно ги негираше шпекулациите дека постоел налог за апсење на Јанева (ЛИНК).