За првпат во Франција прогласено црвено предупредување

Француската метеоролошка агенција денеска за првпат во своето постоење прогласи црвена, односно највисока опacност од жешкото време, соопшти DPA. Црвеното предупредување важи за четири региони во јужниот дел на земјата, вклучувајќи ги Марсеј, Ним, Монпелје, и Авињон.

Црвениот степен е највисок од трите кои се користат за опacни временски услови и значи дека „постои pизик за сите, вклучително и луѓето со добро здравје“, објасни Метео Франс.

Истовремено, во 76 од 96 региони во контитентална Франција и Корзика е прогласен портокалов степен.

Вчера средната температура во Франција беше 34.9 степени Целзиусови. Слична средна температура, но пониска за пола степен, била регистрирана дури во далечната 1952 година, пренесе руската ТАСС.

Поради исклучиво топлото време, денеска во Франција беа затворени 225 училишта, а одложени беа и сите испити закажани за 26-28 јуни.

- Реклама -