Меркел се тресеше за време на церемонијата со Зеленски, сега е добра (ВИДЕО)

На германската канцеларка Ангела Меркел денеска видливо ѝ се слоши додека во Берлин го дочекуваше украинскиот претседател Володомир Зеленски. Меркел и Зеленски стоеја еден до друг на сонцето додека воениот оркестар ги свиреше химните, кога Меркел почна видливо да се тресе.

Сепак, по завршувањето на интонирањето на химните, Меркел веднаш делуваше подобра, а потоа брзо го помина црвениот тепих во друштво на Зеленски и влезе во зградата во која се наоѓа нејзината канцеларија. Пред влезот Меркел дури и застана да го поздрави воениот оркестар, пренесуваат светските агенции.

Подоцна, на прес-конференцијата, Меркел ги уверувала новинарите дека се чувствува сосема добро.

„Од тогаш испив барем три чаши вода, кои очигледно ми биле потребни, и сега се чувствувам многу добро“, рекла канцеларката.

Следниот месец Меркел полни 65 години. Досега јавноста не е запознаена со некакви нејзини евентуални здравствени проблеми.

- Реклама -