Весли Кларк: Путин го чека моментот да започне нова војна на Балканот

Пензионираниот американски генерал – Весли Кларк, кој вчера заедно со поранешниот американски претседател Бил Клинтон и поранешната државна секретарка Медлин Обрајт присуствуваше на одбележувањето на 20-годишнината од влегувањето на мировните НАТО сили, за приштинската RTK изјави дека на Балканот постои ризик од нова војна, до која би бил доведен од страна на рускиот претседател Владимир Путин.

Според Кларк, Путин само ја чека својата шанса.

„Балкан е еден од регионите кои рускиот претседател Владимир Путин може да ги претвори во кризно подрачје“, вели Кларк. „Тоа е криза која го чека својот момент“, додава тој, констатирајќи дека Путин ќе ја започне кога и да му притреба.

„Можеби овде на Косово, можеби во Украина, можеби во Балтичките земји“, „прецизираше“ Кларк.

- Реклама -