Европа се чуди: Во Нови Пазар ѓубрето од излеаните реки го враќаат во реките (ВИДЕО)

Ноќта помеѓу неделата и понеделникот, југот на Србија го погодија обилни дождови, како резултат на кои беа предизвикани и низа поплави. Реките се излејаа, а за да биде уште полошо, со себе го повлекоа и ѓубрето од илeгaлните депонии покрај брегот.

На неколку локации, патот на ѓубрето носено од водата го попречија речните мостови. Новопазарци реагираа брзо, со „генијално“ решение – со багер го префрлаа од реката преку мостот, па пак во реката.

Видеото е споделено на Фејсбук страната Severe Weather Europe, која ја следат над 900.000 корисници од цела Европа. Како што се слуша од снимката, додека снимателот саркастично го коментира „умното“ решение, друг маестрално образложува зошто се решиле на таков чекор: „Не е наше ѓубре, не е од Нови Пазар“.

„А јас, будала, секогаш рециклирам сè. Одам во маркети и супермаркети и си носам свои торби и искористени пластични ќеси од претходни купувања. Многу тажно. Ја сакам Србија, но владата треба да ги едуцира луѓето по однос на овој голем проблем“, коментира корисничка од некаде од понормалниот дел на Европа.

- Реклама -