Заев за „однесувањето“ на Богоевски: Тоа е негово лично право

„Јас сум транспарентен човек. Секогаш сум повикувал на одговорност, сум разрешил луѓе, директори… Сега зборувам за нови промени“, изјави премиерот Зоран Заев од Виенскиот економски форум, коментирајќи го случајот со пратеникот Павле Богоевски и неговата евентуална лична одговорност во форма на оставка.

„Она кое што во приватниот живот на одредена личност нема рефлексија врз извршувањето на неговата јавна функција за мене е негово лично право како се однесува. Затоа и мојата политичка партија соопшти дека тоа е негово лично право, негова лична одговорност и етичко однесување. Неговото работење во парламентот е успешно“, рече тој, додавајќи дека Богоевски е еден од активните учесници во парламентот и комисиите и дека каква одлука и да донесе, Заев ќе ја почитува.

Премиерот потсети и дека Богоевски се обидел да набави лек за неговата сестра и сам се пријави, настапувајќи јавно и транспарентно, но вели дека не го брани и дека треба да биде еднаков со сите. Вели дека досега немале можност да се сретнат околу случајот, но најави таква средба наскоро.

Извор: Фактор.мк

 

- Реклама -