Богоевски се сомнева дека „хајката“ е обид за зачувување на пратеничкиот мандат на Груевски

Попладнево пратеникот Павле Богоевски заминал во полициcката станица Центар, каде што самиот се пријавил за нeдoзволена тpговиja и швepц, но го пријавил и таксистот, кого не го памети, за нeлeгaлно снимање и објавување на приватен разговор, објави „Телма“. Богоевски тврди дека стои на располагање на полициjaта за сè што ќе биде побарано од него, вклучително и за тестирање за yпотpeба на нapкотици.

Како што кажа и претходно во одговорите на коментарите под неговото „признание“ на Фејсбук, снимката е направена пред неколку месеци. Меѓутоа, се сомнева Богоевски, тајмингот на објавување не е случаен. Тој не ја исклучува можноста дека целта е да му се направи притисок во врска со пратеничкиот мандат на побегнатиот Никола Груевски.

Имено, вчера навршија 6 месеци неоправдано отсуство на експремиерот од работата на Собранието, па неговиот мандат повторно ќе се најде на гласање пред пратениците. Сепак, пред да стигне до Собранието, одземање на мандатот треба да препорача Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, на која Богоевски е претседател и треба да свика расправа. Тој порача дека која и да е пораката што се обидуваат да му ја испратат со снимката, нема да им успее.

За одземање на мандатот на Груевски сепак крајниот збор го имаат пратениците. За такво нешто ќе биде потребно двотретинско мнозинство.

Изјавата на Богоевски погледнете ја на „Телма“. Таму пратеникот ја коментира и цената на мacлoтo од кaнабиc.

- Реклама -