Јаболката и морковите ќе ви помогнат во битката со лошиот здив

Решавањето на проблемот со лошиот здив, во голема мера зависи од она што го предизвикува. Во повеќето случаи тој се должи на разградувањето на протеините од бактериите, при што се добива испарлив сулфур што содржи соединенија. Но, постојат и други фактори…

Пушењето има тесна врска со постоењето на проблемите со непријатниот здив во устата. Сувоста на устата, земањето лекови, проблеми со синусите, како и хроничните болести како дијабетесот, исто така може да се основа на лошиот здив.

Како можеме да спречиме непријатниот мирис од устата? Одржување на добра орална хигиена е еден од најважните услови за да се справиме со лошиот здив во устата. Тоа вклучува редовно користење на четка и конец за заби, како и плакнење со антибактериски раствори.

Не смееме да го заборавиме и триењето на јазикот со четката за заби, бидејќи 90% од бактериите одговорни за лошиот здив во устата, се наоѓаат токму на јазикот.  Друг трик за справување со лошиот здив е плакнење на устата со чиста вода после јадење. Тоа помага за отстранување на некои од хранливите честички, кои останале во устата по јадењето, што може да предизвикаат непријатна миризба.

Џвакање на магдонос или нане нема да го излечи лошиот здив, но мирисот на билки може привремено да освежи усната шуплина и здивот.  Постои одредена храна, која може да биде корисен сојузник во борбата со лошиот здив. Меѓу нив се целер, кикиритки, нискомаслено сирење, јаболка, моркови и друго.

Овошјето и зеленчукот кои се богати со целулоза, го зголемуваат лачењето на плунката, советуваат експертите. Тоа помага во навлажнувањето на усната шуплина и ослободување од малите акумулирани хранливи честички.

Подготвување на чај од камилица, пелин, рузмарин, брезови лисја или коприва исто така има освежувачки ефект.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -