„Единствена Македонија“: Најголемата воена вежба во државава ќе биде почеток на војната со Србија и Русија

СПОДЕЛЕТЕ

„Марионетската влада на Зоран Заев на вчерашната владина седница донела одлука во рамките на воената вежба ‘Одлучен удар’ на Криволак, меѓу останатите војници на НАТО да има и војници од Република Албанија.

Во заднина, оваа воена вежба на македонската армија со учество на војници и од Албанија, всушност има за цел обука и припрема за војување за интересите на Косово при евентуален судир меѓу Србија и Косово“, се вели во денешното соопштение на проруската партија „Единствена Македонија“ на Јанко Бачев.

Оттаму тврдат дека со најавата на воената вежба, најголема досега во нашата држава, премиерот Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска всушност „без никакви емоции ги најавија првите жpтви во војната со Русија“. Ваквата теза од Единствена Македонија ја обрзаложуваат со аргументот дека „на сите им било јасно“ дека при евентуален судир меѓу Косово и Србија, неизбежно ќе следело и замешување на Русија и НАТО.

Сепак, од Единствена Македонија ги смируваат македонските војници:

„Војниците во Армијата на Република Македонија да бидат спокојни. Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе ја споречи оваа налудничава идеја на марионетската власт во Скопје и нема да дозволи македонски војници во рамките на НАТО да гинат за туѓи цели и да војуваат за албанските интереси против Србија и Русија.
Единствена Македонија ќе го оствари историскиот стратешки сојуз со Русија, со што, за навек се обезбедува опстанокот и просперитетот на македонскиот народ и македонската држава“, се вели во соопштението.

- Реклама -