2.000 американски војници на пат кон Северна Македонија, во мај почнува најголемата воена вежба во државава

На вчерашната 130. владина седница на Владата на Република Северна Македонија, одлучено е да се спроведе најголемата воена вежба досега во нашата држава.

Воената вежба на Армијата на Република Северна Македонија и Командата на US EUCOM, под називот „Одлучен удар“, ќе се спроведува во неколку фази, во периодот од 20 мај до 15 јули годинава. Предвидено е, покрај 2.000 припадници на Армијата на РСМ, во вежбата да учествуваат и странски вооружени сили, имено:

• 2.000 припадници на Армијата на САД, со вкупно 400 моторни возила од различни видови,
• 25 припадници на Вооружените сили на Република Албанија и 10 различни видови моторни возила,
• 25 припадници на Вооружените сили на Република Бугарија и 10 различни видови моторни возила,
• 25 припадници на Вооружените сили на Република Литванија
• и 100 припадници на Војската на Црна Гора и 20 различни видови моторни возила.

Како што соопштуваат од Владата, со оваа најголема воена вежба организирана во нашата држава, на практичен и видлив начин ќе се манифестира сојузничката поддршка за членството на Република Северна Македонија во НАТО. Притоа ќе се работи на меѓусебната поврзаност и соработка меѓу вооружените сили на земјите учеснички, а со цел да се овозможи поголемо учество во тековните и идните операции на НАТО алијансата.

- Реклама -