Home Букаке Забава По грешка двапати уплатил исто ливче, добил вкупно 32.6 милиони долари на лото

По грешка двапати уплатил исто ливче, добил вкупно 32.6 милиони долари на лото

0
По грешка двапати уплатил исто ливче, добил вкупно 32.6 милиони долари на лото

Двоен среќник од австралискиот град Сент Албанс, недалеку од Мелбурн, освоил вкупно 46 милиони австралиски долари (околу 32.6 милиони американски долари) откако по грешка уплатил две ливчиња со исти броеви, кои ги игра веќе 30 години.

„Играм секоја недела. Секогаш ги означувам истите броеви, но не се работи за броеви што имаат некакво посебно значење за мене. Односно, досега немаа, но сега секако дека се посебни“, вели добитникот.

Тој првично не бил свесен дека двапати добил на лотаријата, мислејќи дека второто ливче го уплатил за следното извлекување. Но дуплото ливче и тоа како му се погодило, бидејќи му ја дуплирало добивката. Имено, добитните броеви ги уплатил уште еден маж од Мелбурн, па ако среќников од Сент Албанс имал едно ливче, ќе требаше премијата да ја дели по пола. Вака, бидејќи има две добитни ливчиња, добива две третини од износот.

Човекот вели дека парите ќе ги подели со блиските, но сè уште не е сигурен што прво да направи за себе – дали прво да оди во пензија, или прво да купи нова куќа и да оди на одмор, па да оди во пензија.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here