Во тело на кит пронајдени 40 килограми пластични кеси

Во тело на кит пронајдено на Филипините пронајдени се 40 килограми пластични кеси и амбалажи, соопштуваат истражувачите од Природниот музеј на Филипините. Велат дека никогаш досега не виделе повеќе пластика во тело на исфрлен кит. Во стомакот на животното се најдени 16 вреќи за ориз, шопинг кеси и други видови пластични кеси и амбалажи.

Пластичниот отпад е голем проблем во одредени земји од југоисточна Азија, вклучително и на Филипините. Според проценките на еколошките здруженија за зачувување на океаните и Мекинси центарот за бизнис и животна средина, околу 60% од пластичниот отпад од Кина, Индонезија, Филипини, Виетнам и Тајланд завршува во океаните.

https://www.facebook.com/indiatimes/videos/703984960036586/

По ваквата вест, дури и најдените 115 пластични чашки во кит што беше најден во Индонезија делуваат смешно.

- Реклама -