Од денеска за Русија сме „Република Северна Македонија“

Од протестот за поддршка на протераниот руски дипломат, април 2018 година

Русија официјално ја признава Република Македонија под новото име „Република Северна Македонија“, објави денеска Руското министерство за надворешни работи, пренесува „Sputnik“.

„На 19 февруари 2019-та, Руската амбасада во Скопје прими белешка од македонското МНР со известување за промената на официјалното име на оваа држава во Република Северна Македонија“, се вели во извештајот на руското министерство. „Руската Федерација ја признава земјата под новото име“.

 

- Реклама -