Станала мајка на 65 години

Нигеријката Комфорт Тимоти родила девојче во својата 65. година од животот, пренесува агенцијата Анадолија. Како што пренесуваат локалните медиуми, Тимоти се омажила во 2001 година, но досега не ѝ се посреќило да има деца.

„Секој ден се молев да добијам ќерка, а по 18 години, молитвите ми се услишани. Станав мајка на 65 години. Секогаш треба да се молиме и трпеливо да чекаме на одговор. Мојот случај покажува колку е важно да се биде трпелив“, вели тазе мајката, која патем го пофали и сопругот дека бил голема поддршка.

Ќеркичката им се вика Ајобами, што на јазикот јоруба значи „Среќата стигна“.

- Реклама -