Традиционален будилник за вашиот iPhone

Будилникот е само една од многуте направи кои заминаа во историјата по појавата на смартфонот.

Но, поради нивните мали звучници многу лесно можете да не го чуете утринскиот аларм. Освен ако го имате овој iBell Mini додаток кој ја спојува испробаната техника за будење со модерната технологија.

Наместо електронски звук или песна, овој додаток ве буди со звукот на метален чекан кој удира по две метални ѕвона. Додатокот чини 38 долари и за него не се потребни батерии, но само затоа што ја користи батеријата од телефонот.

Единствен проблем е што додатокот е дизајниран за стариот iPhone, што значи ако го имате iPhone 5 ќе треба да купите и адаптер за вашиот док конектор. [iBell iPhone Alarm Clock Cradle]

- Реклама -