Кристијано Роналдо доаѓа во Македонија?

Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери во светот, ќе доаѓа во индивидуална посета на Скопје, најави првиот човек на универзитетот ФОН – Сефер Цаноски.

„Конечно, после 9 години прифати да биде гостин на ФОН универзитет. Наскоро, најдобрите на едно место…“, пишува Цаноски под објавата на Фејсбук во која тој (веројатно пред 9 години) е сликан во друштво на Роналдо.

Цаноски засега не открива со каква причина Роналдо би го посетувал ФОН, како и датумот кога тоа би се случило.

Во секој случај, тоа ќе биде трета посета на Роналдо на Македонија. Првпат дојде со младинската португалска репрезентација за мечот против Македонија во јуни 2003 година. Вториот пат беше мечот од Суперкупот на Европа меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, кој се одигра во август 2017 година.

- Реклама -