Ги помешала јануари и февруари, се јавила на интервју во Microsoft еден месец порано

Лора Меклин е 21-годишна студентка од Шкотска и за следниот месец има закажано онлајн интервју со Microsoft во рамки на програмата која им нуди ретка можност на најдобрите студенти да работат цела година со компанијата.

Интервјуто е закажано на 18 февруари 2019-та, а Лора вели дека одвај чека да ја зграпчи шансата. „Се гордеам со себе што секогаш сум многу подготвена и организирана личност“.

Па така, на денот на интервјуто – или така мислела Лора, таа била и повеќе од подготвена. Вели дека проучила сé што нашла за компанијата, а дури и ги малтретирала нејзините блиски да и прават лажни интервјуа за подобро да се подготви за ова вистинското. „Не сакав да си ја утнам единствената шанса, а вакви шанси доаѓаат ретко во животот“, вели таа.

 

И така, пред неколку дена Лора се разбудила порано од вообичаеното, убаво се најала, се облекла во облеката што ја прави да изгледа паметно, ја средила косата, се нашминкала и потпрочитала уште по нешто од информациите што можат да ѝ се најдат на интервјуто. Кога дошло 11 часот и Лора не го добила очекуваниот повик, останала збунето да зјапа во лаптопот. Веќе во 11:15 почнала да паничи да не има некаков дефект, да не е до интернетот и слично, па решила да му прати мејл на регрутерот за да се осигура дека сé е во ред.

„Здраво, не добив повик за моето интервју, дали е сé во ред?“, прашала Лора, на што тој ѝ вратил: „Интервјуто е закажано на 18 февруари во истото време, со нетрпение го очекуваме разговорот со тебе тогаш“. Збунетата Лора на тоа вратила: „Да, денес е 18 февруари и помина 11 часот, а уште не добив повик?“ .

Сигурно погодувате што следувало. Регрутерот ја потсетил дека сега сме јануари, а февруари е следниот месец, а Лора, кога тоа го прочитала, посакала да исчезне од лицето на Земјава. Некако успеала сили да се извини, на што регрутерот ѝ вратил: „Не се секирај, некои грешки едноставно се случуваат“.

Иако Лора тогаш била убедена дека си ја упропастила шансата мислејќи дека по овој гаф од Microsoft ќе ја сметаат за идиот, сега сепак се надева дека компанијата ќе ја увиди смешната страна на случајот, како што ја видоа корисниците на друштвените мрежи откако нејзината приказна стана вирална.

„Хеј, си била еден месец пред истекот на рокот! Тоа е импресивно!“

„Да, навистина покажала интензивна посветеност на точноста“, се шегуваат во коментарите.

https://twitter.com/hark_87/status/1086729665593724928

Муабетот:

 

- Реклама -