29-годишната Нур за врската со Ал Пачино (83), со кого има син: Нема да се омажам за него, иако го сакам

 


29-годишната Нур Алфалах проговори за врската со Ал Пачино со кој летово го доби синот Роман.

Во интервју за TMZ таа изјави дека „не сака да се омажи за 83-годишниот актер, иако го сака“.

„Јас не сум тип за мажење“, нагласила таа. Таа додаде дека бракот не го смета за важен чекор во љубовната врска. Нур откри и дека претстојните празници ќе ги помине со Пачино.

Нур се осврнала на нејзината врска со актерот неколку недели откако постигнале договор за заедничко старателство. Судот во Лос Анџелес одлучил на девојката, Пачино да ѝ плаќа повеќе од 30.000 долари месечно како издршка.

Потсетуваме дека за врската меѓу Нур и Пачино се зборува повеќе од две години. Во мај оваа година, портпаролот на актерот потврди дека Пачино и Нур го очекуваат своето прво заедничко дете. Медиумите тогаш пишуваа дека Пачино бил изненаден од нејзината бременост, па Нур направила ДНК тест кој потврдил дека Ал е татко на нејзиното дете.

- Реклама -