Ете и тоа видовме во 2018-та: Маче и риби се дружат и си играат (ВИДЕО)

Последен пат кога проверивме, мачките спаѓаа во предатори, а рибите се плашеа од нив.

Тоа не е случај со мачето Тимо. Тимо е од расата Ragdoll, а неговиот сопственик вели дека никогаш не бил агресивен кон рибите, секогаш е многу нежен и никогаш не ги искористил ноктите.

Од друга страна, рибиве се од видот Кои. Иако некогаш знаат до толку да се навикнат на луѓе што ќе почнат да ве следат наоколу во надеж дека ќе ги нахраните, обично се многу чувствителни на туѓо присуство и гласови. Но, како што рековме, тоа не е случај со мачево. Тимо им е пријател и не ги плаши, туку ги привлекува. На крај резултатот е сосема невообичаено пријателство – мачка и риби што си играат со пинг-понг топче, гумени патчиња и сл.

- Реклама -