Шаторите на „Македонија блокира“ биле празни, Град Скопје ги третирал како отпад

СПОДЕЛЕТЕ

Наредбата за отстранување на шаторите на „Македонија блокира“ била издадена од Градот, потврдува Никола Наумовски од Град Скопје, пренесува „Макфакс“.

„Според Законот за комунален ред, ние имаме обврска парковите и зелените површини да ги држиме чисти и уредни“, вели Наумовски.

Од Градот информираат дека во кампот немало никој, а со оглед дека шаторите со месеци биле поставени илегално, вчера Град Скопје заедно со другите институции – меѓу кои и МВР, ги остраниле предметите, а не луѓето, информира Наумовски.

Од „Единствена Македонија“, пак, рекоа дека кампот бил уредно пријавен до 31 декември, па затоа го сметаат потегот за кражба и се заканија дека ќе ја ескалираат ситуацијата. Од Град Скопје демантираат. Според нив, кампот бил пријавен на 5 септември и само за на еден ден, пренесува „Фокус“.

 

- Реклама -