Се обидел да украде автомобил, па викал полиција за да го спасува

Крадец на автомобили во Норвешка останал заклучен во автомобилот кој се обидувал да го украде. Немајќи друг излез, се јавил од својот мобилен во полицијата во Трондхајм и побарал помош.

Според норвешката телевизија NRK, се работело за 17-годишно момче, кое и од порано ѝ било познато на полицијата поради помали прекршоци.

Засега останува тајна зошто се блокирале сите врати и младиот крадец (во обид) останал заробен во возилото. Тоа што не е тајна е дека 17-годишникот или не можел, или не му текнало да скрши прозор.

Како што објави локалната полиција на Твитер, тие веднаш побрзале да го „ослободат“ и да го спроведат во притвор.

- Реклама -