Мурињо доби понуда за работа, ама ќе треба да учи македонски

Ако Манчестер Јунајтед не го сака, има кој го сака. Жозе Мурињо нема причина да стравува за својата иднина.

Еве, на пример, понуда доби од македонскиот третолигаш ФК Осогово, кој е фудбалски клуб со докажан шампионски менталитет – ако не во фудбалот, тогаш дефинитивно во пи-ар и промоција на друштвените мрежи.

„Мурињо, дојди кај нас! Немаш што да загубиш, секако сме шампиони, барем ќе го научиш македонскиот јазик!“, гласи поканата од кочанскиот третолигаш објавена нивниот Твитер профил.

https://twitter.com/gfkosogovo/status/1075449924890886144

За потсетување, ФК Осогово е есенски шампион во Третата лига Исток. Исто така за потсетување, неодамна еден од играчите на ФК Осогово се најде и меѓу најдобрите 10 стрелци во светот.

via Спортски.мк

 

- Реклама -