Заев до Каракачанов: Jас сум Македонец и зборувам македонски

„Jас сум Македонец, јас зборувам македонски јазик. Тоа е мое право, тоа е европска вредност. Јас очекувам европските вредности да бидат прифатени од сите, како што исто така подадов рака и прифатив дека споделуваме заедничка историја. Ќе продолжам да зборувам во духот на пријателството и ќе продолжам да градам пријателство, без разлика на какви причини некој ги темели своите изјави или слично. Јас верувам дека и господинот Каракачанов и министерката Захариева и премиерот Борисов, но пред сé бугарскиот народ, е пријателски народ на нашиот народ“, одговори денеска на јавната дебата за уставните измени во Штип премиерот Зоран Заев на последните напади од страна на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, но и други бугарски високи дипломати.

Од друга страна, претходно бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, приклучувајќи му се на Каракачанов, на Фејсбук порача дека не е спорно и треба да се почитува „сегашното самоопределување на дел од граѓаните на Република Македонија како Македонци“, но дека проблем е „подбивањето со нашите претци“, а токму тоа го прави, според него, Македонија:

„Македонија треба да биде во НАТО! Треба да се почитува и договорот со Бугарија! Историските избори од минатите векови докажуваат стотици години до 1994 година во географската област Македонија, бугарскиот етнички елемент бил доминантен и луѓето се самоопределувале како Бугари! Цар Самуил е бугарски цар на бугарското царство! Григор Прличев е Бугарин! Нема простор за маневрирање, компромис или какво било превртување. Сегашното самоопределување на дел од граѓаните на Република Македонија како Македонци е исто така факт кој треба да се почитува, но не може да се дозволи подбивање со нашите предци!“, порача Ковачев.

 

 

- Реклама -