Коза им изела 20.000 евра

Семејството Симиќ од српското село Раниловиќ планирало да го прошири својот имот за нови 10 хектари земјиште. Со години штеделе за да ги соберат 20-те илјади евра кои на денот на несудената купопродажба ги оставиле на масата во дневната.

„Станавме рано и ги пребројавме парите бидејќи требаше да дојде човекот од кого ја купувавме земјата за да се потпише договор. Парите ги оставивме на масата во дневната и отидовме да доручкуваме. Мојот свекор излезе да ја нахрани стоката, како и секое утро, но не забележал дека зад себе не ја затворил влезната врата. Така почна нашата несреќа. Нашата коза Белка, која ја имаме веќе неколку години, влегла во дневната и почнала да ги јаде парите на масата“, раскажува Милена Симиќ низ солзи.

Кога чул дека нешто се случува, нејзиниот сопруг отишол да види што се случува.

„За малку ќе добиеше инфаркт. Ја виде Белка како ги јаде парите на масата. Ни останаа само 300 евра, сé друго козата изеде или искина. Од тој ден маж ми ништо не зборува. Само седи, ќути и гледа во една точка. Белка нé зави во црно“, раскажува несреќничката.

За време на интервјуто, Белка се вртела на ражен, а новинарите од „Аранѓеловац инфо“, кои останале на ручек кај семејството Симиќ, откриваат дека била многу вкусна.

- Реклама -