Гушка, плаче, мафта, се радува, ти влегува во соба додека си по гаќи, присутна е на сите твои успеси и ти ја фотобомбира секоја можна фотографија – хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ се однесува како вистинска мајка на нацијата, во најбуквална смисла на зборот.
Еве прашајте го Лука Модриќ – освојувачот на „Златната топка“ на Светското во Русија, и тој веднаш ќе ви потврди. На светското Колинда го гушкаше, бацуваше и му ја местеше косичката ко да ѝ е синко златен, а сега му ѕирка и зад грбот во сликичката од златната серија на албумот „Панини“.
На друштвените мрежи по милионити пат на шега коментираат: Аман од женава, уште од фрижидер да ни излезе…