ЧУДО! Истрчала маратон без никому да се пофали дека ќе трча маратон (ВИДЕО)

„Со години се сметаше дека да се истрча маратон без никому да му кажете за тоа – е физички невозможно“, се воведните зборови во „документарниов прилог“ за Ким Новел, која ете, стана првиот човек во историјата со вакво достигнување.

Дел од познавачите се воодушевени и велат дека кај Ким виделе нешто специјално што не го виделе кај ниту еден друг маратонец – скромност.

Другиот дел се згрозени и прашуваат која е поентата да се трча таен маратон. „Ким“, велат, „се однесува како да трча само за себе и своја желба“…

Што е следно? – загрижени се критичарите, Некој да отиде на одмор и да не постира фотографија?!

- Реклама -