Траумата на Борис Бекер од тренинзите со Ѓоковиќ

Тениската легенда и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ – Борис Бекер, открива детал од соработката со Ѓоковиќ што никогаш нема да го заборави. Иако во јавноста секогаш истакнуваше дека ужива во работата со Новак, со новата изјава Бекер открива дека богами и платил висока цена:

„Тапкањата на топката на Ѓоковиќ ме излудуваа кога го тренирав, а ме излудуваат и сега. Тоа е негова навика, така го наоѓа ритамот. Новак вели дека околу тоа не ни размислува, тоа е нешто што едноставно го прави“.

Фановите на Ѓоковиќ добро знаат за што зборува Бекер, а противниците и нивните фанови – знаат уште подобро.

Бекер го тренираше Ѓоковиќ од 2014 до 2016 година. За тоа време Србинот освои шест Гренд слема.

- Реклама -