Изолирано племе со стрели убило Американец

Припадниците на изолирано и заштитено племе на остров во Индија со стрели усмртиле Американец, пренесува BBC.

Локален рибар го одвел John Allen Chau на Северен Сентинел – еден од Андаманските острови во Бенгалскиот залив и му овозможил пристап до заштитеното племе. Според исказот на рибарот, припадниците на племето го засипале Американецот со стрели и го оставиле неговото тело на плажата.

Ширел христијанство и ги кршел локалните закони

Како што објавуваат локалните медиуми, Џон Ален себеси се сметал за мисионер и сакал кај домородците да го шири христијанството.

Индиските закони, од друга страна, забрануваат било каков контакт со племето – кое брои меѓу 50 и 150 членови и нема никаков контакт со цивилизација – со цел да се заштити нивната автентичност и да се спречат надворешни влијанија.

Според полицијата, Американецот веќе четири или пет пати го имал посетено островот. Седум рибари се уапсени поради тоа што му помагале на мисионерот да стигне до островот и племето.

Најопасното племе во светот

Припадниците на племето од Северен Сентинел се сметаат за најопасните домородци на светот. Тие се едни од првите луѓе кои многу одамна, пред 60.000 години, успеале да ја напуштат Африка и да ги населат Андаманските острови.

Со законот од 2017-та, индиските власти воведоа казна затвор до 3 години за секој што на било кој начин ќе се обиде да сними видео или да го фотографира племето. Затоа, погледнете ја оваа ретка снимка од средба со домородците од Сентинел:

- Реклама -