Маслинки – зелени, црни, а може и вештачки обоени. Како да ги разликувате?

Црните маслинки кои толку ги сакате, на домашна пица, на пример, можеби се всушност зелени, ама обоени да бидат црни. Нека не ве изненадува што за некои производители тоа е вообичаена пракса.

Можеби некои се во заблуда дека е обратно, но бојата на маслинките нема никаква врска со тоа од која врста се. Дали ќе бидат зелени или црни, всушност зависи од тоа кога се набрани. Зелените маслинки се набрани додека биле незрели, а ја менуваат бојата додека созреваат – од црвенкасто кафена, до црна како мастило.

Незрелите зелени маслинки се поцврсти и со поумерен вкус, додека вкусот на црните е поизразен, појак. Но зрели или незрели, свежо набраните маслинки се исклучително горчливи. За да се добие вкусот кој го препознаваме и сакаме, со сите негови нијанси, маслинките прво поминуваат месеци во саламура.

Како да ги разликувате?

Некои производители, како што спомнавме, преферираат да го „премостат“ долгиот процес на созревање, па зелените маслинки ги бојат со дозволени вештачки бои, како што е железо глуконатот. Боењето на маслинките е законски дозволено, но тоа мора да биде јасно истакнато на декларацијата на производот.

А за да не ја читате декларацијата, на која (од искуство знаеме) не секогаш може да ѝ се верува, а сепак да знаете дали маслинката е обоена или не, тоа можете да го утврдите по дршката. Црните маслинки имаат и црна дршка.

via Index.hr

Уште по нешто за зелените и црните маслинки можете да прочитате ТУКА.

- Реклама -