Home Букаке Забава Пазете по автобускиве, може да се најдете во новото шоу на Драган Вучиќ (видео)

Пазете по автобускиве, може да се најдете во новото шоу на Драган Вучиќ (видео)

0
Пазете по автобускиве, може да се најдете во новото шоу на Драган Вучиќ (видео)

Денеска на фреквенцијата на 1ТВ официјално стартуваше новото шоу на популарниот Драган Вучиќ, насловено „Возење со Вучиќ“.

Сега сигурно се прашувате: па какво ново шоу може да смисли човеков, зар му остана уште нешто за смислување? Е па ете, останало. Додуша пак е квиз, пак се исто „тешки“ прашањата, пак се исти наградите, ама разликата е што сега Вучиќ се вози низ градов и може да ви се избаци со камери додека чекате на автобуска за да ви подели колачиња, кафиња, сокчиња, гурабии, ете така, за некогаш да сте ги спомнеле… Да, и ние бевме целите во прашалници.

Моментов што го опишуваме е на 18:20 во видеово од првата епизода, инаку шоуто иде секој ден на 1ТВ со почеток во 17:45 часот. Појма неаме дали е во живо, видете си утре, ама ако нас нé прашувате, најбезбедна варијанта ви е да си се пребаците на точак.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here