Прибор за риболов стар 12.000 години

археологијаБарајќи докази за праисториска човечка населба археолози пронашле прецизно изработени алатки стари околу 12.000 години. Намената на овие алати, откриени на три локации на островите Санта Роса и Сан Мигел во Калифорнија, била риболов.

Алатите ја подржуваат теоријата дека при првата појава на луѓето во Северна Америка постоела крајбрежна култура која била различна од добропознатата Кловис култура, која била карактеризирана од лов на големи животни како мастодонти и други големи цицачи. Петнаесет члениот тим предводен од Џон Ерландсон од Универзитетот од Орегон откриле камени алатки кои биле користени за лов и риболов, како и голема количина на фрлени коски и школки.
 археологијаЕрландсон изјавил: „Ова е еден од најраните докази за поморство на овој континент и дополнитело проширување во разновидноста на Палеоиндијанските економии. Врвовите од копја кои ги наоѓаме се неверојатни, умешноста со која биле направени е одлична. Тие се неверојатно тенки и назабени. Се работи за неверојатна камена технологија.“ Археолозите претпоставуваат дека локациите на кои биле пронајдени алатките се сезонски ловишта.

Пленот најверојатно се состоел и од морски риби но и гуски, корморани и други птици, школки а можеби и фоки, морски лавови и видри. Алатките со форма на полумесечина најверојатно биле користени за удирање на птиците. Рибите и поголемите цицачи биле прободувани со копја. Еден од членовите на тимот додал: „Најдовме многу тенки, внимателно изработени врвови за проектили и едноставно не можевме да поверуваме дека овие деликатни кремени парчиња се толку стари.“ Голем дел од алатите се различни од оние најдени во локации поврзани со Кловис културата далеку од брегот, но некои од нив биле слични што е можна индикација дека имало трговија помеѓу овие две култури.

Новите локации би можеле да им помогнат на научниците да дознаат повеќе за населувањето на Северна Америка. Доминантната теорија е дека луѓето пристигнале од Азија преку копнен мост или мраз кој ги поврзувал Сибир и Алјаска, но некои научници веруваат дека можеби имало миграција преку море. Ерландсон вели дека откритието на неговиот тим го подржува мислењето дека луѓето прво пристигнале во Северна Америка преку море, или дека истовремено мигрирале и преку море и по копно. [Scientists’ amazing California discovery includes fishing tackle 12,000 years old]

- Реклама -