Грците не можат да се смират – земјотрес го потресе островот Самос

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтер денеска бил регистриран во Грција. Потресот се случил на островот Самос.

Според агенцијата АНА-МПА, потресот се случил во 10:18 часот, на длабочина од десет километри. Епицентарот бил на плажата Маратокампос.

Земјотресот се почувствувал ширум островот.

Грција се уште е во шок поради катастрофалните пожари кои беснееја околу Атина Во оваа катастрофа животот го изгубија најмалку 81 лице.

- Реклама -