На социјалните мрежи осамнаа снимки за кои корисниците тврдат дека може да бидат доказ дека барем еден од пожарите во Грција е подметнат.
Бројот на загинати веќе е 80 лица, а се утврдува точниот број на исчезнати. Властите се уште стравуваат дека бројот на загинати може да расте.
Дека постои можност пожарите во грчкиот главен град да се подметнати, прв во јавноста го изнесе главниот грчки обвинител, кој веднаш нареди започнување на истрага, а подоцна тоа во изјава за медиуми го спомна и самиот Ципрас.
Исто така на социјалните мрежи се појавиле две снимки за кои некои грчки медиуми, претежно таблоиди, тврдат дека би можеле да бидат доказ дека барем еден од пожарите во околината на Атина е подметнат.
Погледнете ги: