Марадона: Подготвен сум да ја водам Аргентина, без пари

Легендарниот Аргентинец натпреварите на Аргентина на Мундијалот во Русија ги следеше во живо од ложата, па сите можевме да видиме дека тешко му падна поразот од Франција со 3:4. Додуша тешко му падна и победата против Нигерија, ама тоа од други причини – висок притисок, наводно (а претерал со мешање на дрогите – неофицијално).

Иако фотографиите од „изгубениот“ Марадона го заобиколија светот, а меѓу нив и таа на која му го проверуваат пулсот за да проверат дали е жив, легендата сега тврди дека е целосно подготвен да ја води репрезентацијата на Аргентина, и тоа за без пари.

Изјавава падна во едно венецуелско ТВ шоу, па заедно со претходно изложените аргументи, прашање е колку сериозно треба да ја сфатиме. Сепак, Марадона веќе беше на чело на Аргентина на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, кога „Гаучосите“ испаднаа во четвртфиналето по поразот со 0:4 од Германија.

Договорот на сегашниот тренер – Хорхе Сампаоли, со Аргентина, трае до 2022 година.

- Реклама -