Регистриран земјотрес во Мексико Сити, причината е голот против Германија

Репрезентацијата на Мексико вчера славеше историска победа против актуелните светски шампиони Германија на Мундијалот во Русија. Храбрите Мексиканци одиграа одлично против моќната Германија и на крајот приредија големо изненадување, славејќи со минимални 1-0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Лозано кој во 35-та минута го совлада Мануел Нојер.

За тоа дека цело Мексико го следеше мечот залепени за екраните, не ни треба потврда, но сепак ја имаме. Сеизмографите регистрираа помал земјотрес во главниот град Мексико Сити, а истиот кореспондира со, погодувате, клучниот гол што Мексико го постигна во 35-тата минута.

виа Република

- Реклама -