Зошто иранските и кубанските авиони паѓаат почесто од авионите на другите земји?

Статистиката вели дека падовите на авионите на Куба и Иран се почести и резултираат со повеќе жртви отколку кај авионите на другите земји. Што би можело да биде причината?

Одговорот може да се сведе на една главна причина – американското трговско ембарго. Имено, документираное е дека истото негативно влијае на секоја земја на која ѝ е наметнато.

А меѓу тие земји е и Куба, а меѓу тие што страдаат е и кубанската авиокомпанија „Кубана“, која е премногу сиромашна за да купи нови авиони од Запад, па користи руски авиони стари 39 години. Староста на авионите дополнително ги зголемува трошоците за нивно одржување, па бидејќи компанијата тешко успева да освои доволно средства за таа намена, последица се авионските несреќи како онаа што се случи пред една недела во која загинаа 112 луѓе.

Жртва на американското ембарго е и втората земја спомната во насловот – Иран. Иако Иран се обиде да го модернизира воздухопловството кога во 2015-та Барак Обама ги укина санкциите во замена за запирање на иранската нуклеарна програма, тоа не им успеа.

„Иран ер“ тогаш од Америка нарача 200 авиони, но наскоро на западните компании им беше забрането да му продаваат авиони на Иран, па денес таа е уште една од земјите кои користат некои од најстарите авиони во светот.

Во меѓувреме Доналд Трамп стана претседател на местото на Обама, а на Иран до овој момент му се доставени само 11 авиони. Се смета дека додека Трамп е претседател, нови авиони нема да бидат доставени.

Извор: Макфакс

- Реклама -