Тинејџер мора да напише 150 писма со извинување и да плати 37 милиони долари

За да ја исплати потребната сума од 37 милиони долари, тинејџерот има фора од 10 години, нареди судијата Џон Олсон, кој му судеше за предизвикување на пожат од големи размери во канадскиот резерват „Columbia River Gorge“ во Орегон. Сумата од 37 милиони долари е одредена за да се покријат трошоците настанати за гасењето на пожарот, трошоците за обнова на шумата, како и трошоците за обнова на оштетените куќи.

15-годишникот призна дека со своето невнимание го предизвикал пожарот кога лани во Eagle Creek кањонот испукал два огномета, кои го предизвикале пожарот што брзо се проширил.

За тинејџерот се вели дека е љубител на сноуборд кој редовно оди во црква, мајка му е домаќинка, а татко му – готвач. Неговиот идентитет се крие од јавноста, прво поради неговата возраст, а пред сé и поради огромниот бес на јавноста на кој би наишол доколку се соопшти неговото име или недај боже адреса.

„Ова за него е голема траума. Направи голема грешка“, вели мајката на тинејџерот.

Адвокатот бараше „разумна“ казна, тврдејќи дека 37 милиони долари е апсурдна казна за дете, а исплатата би требало да биде исклучиво одговорност на тинејџерот, а не на неговите родители. Истакна и дека најголемата отштета наплатена до сега во Орегон е 114.000 долари.

Меѓутоа, судијата инсистираше на сумата од 37 милиони долари, со тоа што му дозволи на тинејџерот сам да може да испланира како ќе ја плаќа казната, и со тоа што исплатата ќе запре по 10 години, под услов момчето да соработува и да не направи друг злочин во меѓувреме. Во тоа „меѓувреме“, ќе му биде одземено сé што ќе му стигне на сметка, како и било каков повраток на данок, на пример при потенцијална добивка на лото.

Покрај тоа, момчето е осудено и на 5 години условно, како и 1.920 часови добротворна работа во службите задолжени за стопанисување со шумите во САД.

Тоа не е сé. 15-годишникот ќе мора да напише и повеќе од 150 писма со извинување до сите жртви и засегнати од пожарот, кој зафати скоро 200.000 квадратни километри (да, километри). Пожарот предизвика евакуација и затворање на автопатот, а загрози и голема туристичка атракција.

- Реклама -