Папата го шитна Ламборџинито, и тоа за солидна шестцифрена сума

Пред аукцијата, се предвидуваше дека Huracan-от на Папата ќе се продаде за сума од 250 до 350 илјади евра. Меѓутоа, специјалниот модел Huracan, кој Lamborghini во 2017 година му го подари на папата Франциско, ги надмина очекувањата.

715.000 евра – толку достигна благословеното и потпишаното од Папата лично Lamborghini во бела боја, со златно жолти детали во чест на државните симболи на Ватикан, а со мотор од 580 коњски сили (како и кај регуларниот модел).

Со оглед дека Франциско од сам почеток важи за папа што се вози исклучиво во скромни автомобили, Huracan-от уште од сам старт се знаеше дека ќе биде прораден. Парите од аукцијата ќе одат во хуманитарни цели, нормално.

- Реклама -