Вознемирувачко видео: Возрасен лав нападна сопственик на резерват

Неименуваниот британски државјанин емигрирал во Јужноафриканската Република и отворил приватен резерват за диви животни во 90-тите години.

Што го натерало да влезе вака наивно во кафезот после сите тие години, веројатно само тој знае, но овојпат беше кобно – беше нападнат од возрасен лав, мажјак, и заврши во критична состојба во болница.

Трагедијата се случи пред очите на неколку посетители, можеби и блиски на сопственикот, а некако заврши и фатена на камера. Воопшто не е пријатно за гледање, особено што сфаќате дека лавот може да зграпчи човек лесно како да е плишана играчка.

На крајот на видеото се слушаат и истрели, што веројатно и довело до тоа човекот на крајот да биде „спасен“, ако преживее.

- Реклама -