Колку од Швеѓаните, а колку од Македонците не можат да си дозволат одмор?

Според податоците на Еуростат во однос на тоа кои од жителите на Европа и колку можат или не можат да си дозволат 7-дневен годишен одмор надвор од местото на живеење, поголемиот дел од Македонците спаѓаат во вторава категорија.

Македонија е во најтемноцрвениот дел на мапата, што значи дека дури 60 до 70% од Македонците не можат да си дозволат одмор надвор од дома.

Ако нешто ви значи, ни комшилукот од регионов не е многу подобар. Кај Хрватите има нешто мал напредок во однос на лани, но и натаму се меѓу несреќните земји на листата – 58.1% од хрватското население не може да си дозволи луксуз да замине на еднонеделен одмор надвор од земјата. Граѓаните на соседна Грција, пак, која е позната туристичка дестинација, се на седмото најлошо место според финансиските можности за летување во странство.

Во „жалната зона“ заедно со Македонија се и Србија, Кипар, Бугарија и Романија.

Малку погоре, на работ на Балканот, 22.8% од жителите на Словенија не можат да си дозволат летување од една недела.

На другиот крај од листата, пак, а и од Европа, над 90% од Норвежаните, Швеѓаните и Швајцарците можат да си дозволат барем една недела одмор надвор од земјата.

Извор: Локално

- Реклама -