Home 365 Денес Напаѓачот во Финска бил „во војна против жените“

Напаѓачот во Финска бил „во војна против жените“

0
Напаѓачот во Финска бил „во војна против жените“

Мароканецот обвинет за напад со нож во финскиот град Турку минатата година, денес пред судот рече дека „бил во војна против жените“, пренесуваат локалните медиуми.

Abderrahman Mechkah (Bouanane), тогаш 22-годишен азилант, избоде две жени до смрт, и повреди уште 8 луѓе. Му се суди за убиство и обид за убиство „со терористичка намера“.

Пред судот Мароканецот изјави дека пред нападот, извршен минатиот август, тој посетил џамија, каде што и го снимил видеото во кое зборува за нападите во Сирија под водство на САД, како и за борбата на Исламска држава.

Кога го почнал нападот на пазарот, според сопствените зборови, не можел да се запре себеси.

„Се чувствував како да сум на далечинско управување. Идејата беше да напаѓам сé додека глави паѓаат“, изјави Мароканецот.

Меѓу повредените беа 6 жени, како и двајца мажи кои се обиделе да им помогнат. Полицијата го запрела напаѓачот пукајќи му во нога.

„Целта ми беше да напаѓам жени, не мажи. Бев во војна против жените“, рече обвинетиот.

Психијатриското вештачење утврди дека Абдераман е кривично одговорен за нападите. Полицијата соопшти дека тој бил „осамен волк“, кој на себе гледал како на војник на Исламска држава. Исламска држава, од друга страна, не презема одговорност за нападот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here