Обдукција на насукан кит покажува до кај е стигнато човештвото

10-метарскиот кит е најден насукан на брегот на малиот ресорт Cabo de Palos во југоисточна Мурсија во Шпанија во февруари, а обдукцијата покажала дека угинал „поради неможност да го свари или исфрли ѓубрето“, пренесува Independent.

А ѓубрето? Во дигестивниот тракт на китот се најдени безмалку 30 килограми отпад – пластични кеси и вреќи, јаже, рибарски мрежи, па дури и канта за гориво.

Консуело Росауро, претставник на локалните власти, вели дека присутноста на пластиката во морињата и океаните е една од најголемите закани за зачувување на животинскиот свет.

„Куп животни остануваат заробени во ѓубрето или проголтуваат големи количини пластика, што на крајот резултира со нивна смрт“, вели таа.

Се проценува дека до 2021 година ќе има пола милијарда фрлени пластични пластични шишиња кои го загрозуваат океанот и брегот, а в случај да не се преземе некаква акција, се предвидува таа бројка до 2025 година (само 4 години подоцна) да се дуплира.

- Реклама -