ВИДЕО: Се „бакнаа“ германски и израелски авион во Тел Авив

Два патнички авиона се судриле денес утрото на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив, пренесуваат странските медиуми.

Авионот на германската авиокомпанија Germania – модел Боинг 737, се оддалечувал од излезот при полетувањето кон Берлин, кога се судрил со Боингот 767 на израелската El Al, кој требало да полета за Рим.

Авионите се судриле со опашките, по што се заглавиле, а настаната е голема материјална штета, која со оглед дека се работи за судир на авиони, веројатно може да се смета и за минимална, особено што нема повредени патници.

Нормално, ова е ера на камери, па снимки од инцидентот се појавија и на социјалните мрежи. Се гледа како патниците се симнуваат пред авионите целосно да бидат разделени.

Се смета дека одговорен за инцидентот е возачот на шлеперот кој го водел германскиот авион од терминалот кон пистата, наведуваат израелските медиуми.

 

- Реклама -